Кина, Русија и Иран во заеднички разговори за нуклеарната програма на Техеран

од Даниел Ѓорѓиевски
17 прегледи

Замениците министри за надворешни работи на Иран, Русија и Кина денеска се состанаа во Пекинг за да дискутираат за иранските нуклеарни прашања, јавуваат кинеските медиуми.

Пекинг претходно најави дека трилатералната средба има за цел да создаде услови за обновување на дијалогот и преговорите околу нуклеарната програма на Иран, пренесува Ројтерс.

Иран во 2015 година постигна нуклеарен договор со шест светски сили, но САД го напуштија договорот во 2018 година за време на администрацијата на Доналд Трамп. Минатата недела, Трамп му испратил писмо на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, предлагајќи нови преговори, но иранскиот претседател Масуд Пазекијан одговори дека Иран нема да прифаќа „американски наредби“.

Во меѓувреме, САД, Франција, Грција, Панама, Јужна Кореја и Велика Британија одржаа затворена седница на Советот за безбедност на ОН на оваа тема, што Техеран го осуди како „злоупотреба“ на меѓународното тело.

Слични содржини