Кина: САД не сакаат стабилност во Тајванскиот теснец

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Посетата на американскиот сенатор Марша Блекбурн на Тајван покажува дека Вашингтон не сака стабилност во регионот, соопшти синоќа кинеската амбасада.

„САД покажуваат дека не сакаат стабилност во Тајванскиот теснец“, соопшти кинеската амбасада, пренесува РИА Новости.

Кинеската дипломатска мисија соопшти дека ги смета дејствијата на Соединетите Држави за мешање во работите на Кина.

Слични содржини