Кина шири лажни вести во поддршка на Лукашенко

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Тековните настани во Белорусија, каде се одржуваат протести веќе 11 дена откако претседателот Александар Лукашенко прогласи убедлива победа, беа прикажани на националната телевизија во Кина сосема поинаку од реалната состојба на теренот – противниците на Лукашенко беа претставени како негови поддржувачи.

На кинеската национална телевизија беше објавен извештај во кој демонстрантите кои со денови се собираат во Белорусија за да искажат незадоволство од резултатите од претседателските избори, беа прикажани како симпатизери на Лукашенко.

Од друга страна, белоруската национална телевизија целосно ги игнорираше настаните на улиците на Минск.

Граѓаните имаа можност да уживаат во забавна програма, додека над 200.000 луѓе протестираа во неделата.

Слични содржини