Кина: Силно се спротивставуваме на санкциите воведени од Вашингтон врз кинеските компании

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Пекинг ги повика Соединетите Американски Држави да престанат со „својата погрешна практика“ откако кинеските компании беа ставени на списокот на субјекти кои подлежат на санкции за, како што рече Вашингтон, и помагаат на Русија во војната во Украина.

„Кина цврсто се противи на санкциите и ќе ги преземе неопходните мерки за одлучно да ги заштити легитимните права и интереси на кинеските компании“, соопшти кинеското Министерство за трговија, пренесе „Блумберг“.

Министерството за финансии на САД во петокот објави список на санкционирани субјекти, вклучувајќи руски државјани и компании во Хонг Конг и Кина.

Слични содржини