Кина со остра критика до САД: „Повторно се обидуваат да ја ПОЛИТИЗИРААТ ПАНДЕМИЈАТА“

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги критикуваше Соединетите држави „затоа што тие повторно ја политизираат пандемијата на ковид 19“, се наведува денес на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.

„Некои западни сили сакаат да ја замаглат и политизираат ситуацијата околу епидемијата“, рече Ванг за време на видео-конференција со колегите од групата земји БРИКС, во која се наоѓаат Бразил, Русија, Кина, Индија и Јужна Африка, објави новинската агенција „Кјодо“.

Ваквиот пристап е насочен кон „поткопување на тешко стекнатата меѓународна соработка“ во борбата против ширењето на вирусот, поради што „БРИКС и другите земји треба да се обединат заедно против оваа струја“, додаде Ванг.

Минатиот месец, американскиот претседател Џо Бајден побара од разузнавачките служби да ги удвојат напорите за утврдување на потеклото на вирусот и да му достават извештај за 90 дена.

Неодамна, повторно се појави теоријата дека вирусот, кој првпат беше откриен во Вухан во 2019 година, можеби случајно „протекол“ од лабораторијата и се прошири низ целиот свет, но Кина го демантираше тоа, велејќи во заедничката студија со Светската здравствена организација дека таквите теорија е „крајно малку веројатна“.

Слични содржини