Кина воведува санкции против Ненси Пелоси

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Пекинг има намера да воведе санкции против претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Санкции ќе важат и за нејзините најблиски роднини. Овој потег дојде како реакција на нејзината посета на Тајван, соопшти кинеското министерство за надворешни работи.

„Пелоси го посети Тајван непочитувајќи ги сериозните грижи и протести на Кина, силно се меша во внатрешната политика на Кина, предизвика сериозна штета на кинескиот државен суверенитет и територијален интегритет“, се вели во соопштението на Министерството.

Како што се додава, американската функционерка ѝ нанела силен удар на политиката на Кина, загрозувајќи го мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец.

Да потсетиме дека Пелоси неодамна го посети Тајван, што предизвика остра реакција од Кина, која островот го смета за дел од својата територија.

После тоа кинеската војска почна со вежби во водите околу Тајван, кои ќе траат до крајот на неделата.

Слични содржини