Кина: Забележани ковид инфекции од непознато потекло во Северна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska
320 прегледи

Локално пренесување на инфекции со Ковид од непознато потекло е забележано во пограничните области во североисточната кинеска провинција Џилин, која дели долга граница со Северна Кореја, соопшти денеска претставник на кинеското министерство за здравство.

Жешката точка почна да се шири од пограничните области до внатрешноста на покраината, изјави претставникот на државната Национална здравствена комисија Леј Џенглонг, пренесе „Ројтерс“.

Овој месец, Северна Кореја ги објави првите случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, прогласи вонредна состојба и воведе локдаун.

Слични содржини