Киндер коцки – неодолив кремаст десерт со вкус на чоколадо и лешник

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

За кора:
* 6 белки
* 6 лажици шеќер
* 4 лажици брашно
* 100 гр чоколаден крем
* 100 гр сечкани печени лешници

За фил:
* 1 литар млеко
* 8 жолчки
* 4 лажици брашно
* 4 лажици густин
* 10 лажици шеќер
* 2 ќесички ванилин-шеќер
* 250 гр путер
* 150 гр бисквити
* 100 гр чоколадо

Подготовка:

1. За да ја подготвите кората, изматете ги белките додека не се стегнат, постепено додавајќи шеќер. На крајот полека измешајте го брашното.

2. Тавата се покрива со хартија за печење и се посипува со сечкани лешници. Прелијте ги со смесата за кора и израмнете. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 15-20 минути. Испечената кора свртете ја да се лешниците одозгора. Откако ќе се излади, премачкајте ја со чоколаден крем.

3. За подготовка на филот се матат жолчките со шеќер и ванилин-шеќер, па се додава брашното, густинот и 200 мл ладно млеко и убаво се меша.

4. Остатокот од млекото истурете го во тенџере и варете додека не зоврие. Додадете ја смесата со жолчки и продолжете со варење со непрекинато мешање со жица за матење додека не се згусне.

5. Во изладениот крем додадете путер и измешајте. Поделете го на два дела, па во едниот додајте растопено чоколадо.

6. Нанесете го светлиот крем врз кората од белки и измазнете ја. Покријте со бисквит и одозгора премачкајте со чоколадниот крем. Декорирајте по желба.

Слични содржини