382
Кинеска ракета орбитира околу Земјата и може да се сруши на нашата планета во наредните денови, предупредуваат експертите.
Наместо да се врати на Земјата на предодредено место во океанот, може да се случи неконтролирано да падне во населено место, пишува „Дејли Меил“.
Џонатан Мекдауел, астроном кој следи предмети кои кружат околу Земјата, рече дека патеката на ракетата води „малку северно од Њујорк, Мадрид и Пекинг и јужно од јужниот дел на Чиле и Велингтон во Нов Зеланд“ и дека може да слета каде било на овој опсег .
Кога ракета паѓа на Земјата, најголемиот дел гори во атмосферата, но може да се случи да останат големи парчиња што би паѓале како дожд на населени места, а опсегот е 80 проценти од светот.