Кинеска техника за заздравување од стрес и вознемиреност: За неколку минути го смирува нервниот систем!

од Stefanija Kuzmanovska

Овој метод на кинеска алтернативна медицина се појави пред скоро 2.500 години и денес се смета за најефикасна техника за многу физички и ментални заболувања, вклучувајќи стрес и депресивно расположение.


Според кинеската алтернативна медицина, постојат голем број на точки на нашето тело кои можат да се притиснат за да се отстрани сета физичка болка, но и да се „избркаат“ лошите мисли и да се излечи вознемиреноста. Овие точки се наоѓаат на енергетската линија на нашето тело, кои се наречени енергетски меридијани.

Енергетските меридијани ја водат нашата виталност. Ако работата на овие меридијани е нарушена, таа може да се прилагоди со акупресурна техника, со стимулирање на одредени точки.

Има вкупно 12 енергетски меридијани и сите минуваат низ најважните органи на нашето тело. Овие меридијани го одржуваат телото во форма, и ако барем еден од нив престане да функционира нормално, телото ја губи рамнотежата.

Со притискање на одредени делови од телото, луѓето можат да ги ублажат несаканите ефекти предизвикани од вознемиреност и депресија. Оваа техника е многу слична на акупунктурата, но прстите се користат наместо игли.

И кога ја притискате областа CV 17, позитивниот резултат се чувствува скоро веднаш. CV 17 е антеромедијански меридијан 17 лоциран во средина на градите. Кинезите веруваат дека оваа зона е енергетски епицентар на телото каде се концентрирани сите човечки емоции. Таа е најчувствителна на штетните ефекти на стресот.

Специјалистите за акупресура се убедени дека дури и со мал притисок врз зоната CV 17 може да се спаси човек од многу проблеми со нервниот систем и да се зајакне неговиот имунолошки систем.

Зоната CV 17 се наоѓа веднаш во центарот, во средината на градите.

За почеток, пронајдете го CV 17 со нежно триење на градите додека не пронајдете мала празнина.

Седнете исправено и поврзете ги рацете заедно како да се молите. Притиснете ја точката со прстите 2-3 минути.

Затворете ги очите, дишете длабоко и ќе почувствувате дека целиот нервен систем се опушта.

Слични содржини