Кинеска вакцина против коронавирус на пазарот до крајот на годината

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Шеф на една голема државна кинеска фармацевтска компанија тврди дека нејзината вакцина против коронавирусот ќе биде достапна на пазарот до крајот на годината.

Лиу Џингжен, лидерот на „SinoPharm“, за весникот на Кинеската комунистичка партија изјави дека вакцината би чинела помалку од 1.000 јуани (140 долари) и ќе се дава во две дози, во рок од 28 дена, пренесува „Фена“.

Тој рече дека студентите и работниците во големите градови треба да ја добијат вакцината, но не и оние што живеат во ретко населени рурални региони.

„Не сите 1,4 милијарди луѓе што живеат во нашата земја ќе можат да ја примат таа вакцина“, рече тој во интервјуто објавено во вторникот за весникот „Гуангминг Дејли“.

„SinoPharm“, кој има две вакцини во тест фаза, има годишен капацитет на производство од 220 милиони дози, рече Лиу.

Лиу, кој истовремено е и секретар на Комунистичката партија во компанијата, за весникот изјави дека му била инјектирана вакцината.

Извештаите дека некои кинески истражувачи и водачи добиле дози од вакцини, покренаа етички прашања во некои научни кругови, пренесува Асошиејтед Прес.

Слични содржини