Кинеската амбасада во земјава има голема желба и подготвеност да се достават вакцините, но се уште нема информација кога ќе пристигнат на нашата територија. Според нив, потегот на Владата на С. Македонија што одлучи да набави вакцини од нив, покажа дема земјава има доверба во Кина.
„Кинеската страна ги поддржува релевантните претпријатија да комуницираат со владата на Северна Македонија за набавка на вакцини. Кина е подготвена да продолжи да работи заедно со Северна Македонија на вакцините против ковид-19 и да и помага во нејзината борба против пандемијата“, се вели во изјавата од Кинеската амбасада за ТВ 24.
Досега граница ја поминаа само 8000 вакцини од Фајзер дониција од соседна Србија. Последно, државата го повлече авансот за кинеските вакцини„ Синофарм“, за како што објасни министерот Филипче за „наша сигурност“, но дека вакцините за кусо време ќе стигнеле во нашата земја.
Премиерот Зоран Заев денес најави дека Македонија треба да добие над 2 милиони вакцини од неколку компании и потенцира дека прашање е на време кога тие ќе ја поминат нашата граница и ќе пристигнат.
„Ние секој ден штракаме на телефоните да добиеме некоја информација за истовар на вакцини и да ја споделиме. Но сепак, денови се во прашање“, вели Заев.