Кинеската полиција интервенираше во Пекинг и Шангај за да спречи нови протести

од Stefanija Kuzmanovska
138 прегледи

Кинеската полиција интервенираше во Пекинг и Шангај за да спречи нови протести против ковид-ограничувањата, кои го нарушија животот на милиони луѓе и негативно влијаеја на економијата, пренесе „Ројтерс“.

Најмалку едно лице во градот Хангжу е уапсено доцна синоќа, според видеата објавени на социјалните мрежи, по информациите дека полицијата привела автобус полн со демонстранти за време на протестите во неделата вечерта во Шангај, јавува британска агенција.

Најголемиот бран протести во Кина откако Си Џинпинг ја презеде власта пред една деценија, со повици за негова оставка, доаѓа во време кога дневниот број на нови случаи на ковид-19 достигнува рекордно ниво, а се воведуваат нови строги карантински мерки во големи делови од одредени градови.

Слични содржини