Кинески милијардер осуден на 13 години затвор и 8,1 милијарда долари парична казна

од Vladimir Zorba

Судот во Шангај денеска соопшти дека го осудил кинеско-канадскиот милијардер Ксијао Џианху на 13 години затвор и го казни неговиот конгломерат Tomorrow Holdings со рекордни 55,03 милијарди јуани (8,1 милијарди долари).

Ксијао и неговата компанија беа обвинети за незаконско задржување на јавните депозити, незаконско користење на доверени средства и поткуп, објави Првиот суд во Шангај, пренесe Ројтерс.

Помеѓу 2001 и 2021 година, Ксијао и неговата компанија дале акции, недвижен имот, готовина и други средства на владини претставници во вкупна вредност од повеќе од 680 милиони јуани (над 100 милиони долари) за да го избегнат финансискиот надзор и да остварат нелегитимни интереси, се наведува во соопштението.

Слични содржини