399
Политиката на Кина и Русија не се заканува на ниту една друга земја, изјави денеска специјалниот пратеник на Кина за евроазиски прашања Ли Хуи.
Тој нагласи дека меѓународната заедница е многу свесна за тоа кој „ја претставува вистинската закана“, што јасно сугерираше дека САД и НАТО се виновни за украинската криза, пренесе ТАСС.
„Кина и Русија секогаш цврсто се придржуваат до принципот на неврзаност, не поттикнуваат антагонизам и не преземаат дејствија против ниту една трета страна“, му одговори тој на западниот новинар кој наведе дека Пекинг „не направи ништо за да ја принуди Русија да ги повлече своите војници од Украина“.