Кинески униформирани сили се собират во Хонг Конг

од desk4
154 прегледи

  Кинески сили најверојатно воена полиција се собраа денеска на стадион во град во близина на Хонг Конг.

Според западни медиуми се работи за „неколку илјади лица во униформи опкружени со воени возила“.  Во близина на стадионот во градот Шенжен регистрирано е присуство и на воени камиони и борбени транспортери.

Главниот уредник на Глобал тајмс, Ху Сиџин изјави дека военото присуство во Шенжен е знак дека Кина се подготвува да интервенира во Хонг Конг.