Кинескиот амбасадор во Русија: САД се вистинскиот виновник за кризата во светот

од Nikola Popovski

Кинескиот амбасадор во Русија Џанг Ханхуи истакна дека бројни факти докажуваат дека САД се вистински уништувач на меѓународните правила и светскиот поредок и извор на зголемена нестабилност и несигурност во денешниот свет, јави денеска руската новинска агенција ТАСС.

„Ние сме на пат кон најважната цел на нашата нација: обединувањето на татковината. Кинескиот народ има непоколеблива волја, силна одлучност, целосна доверба и секоја можност да го брани националниот суверенитет и националното достоинство“, нагласи Џанг.

САД не извлекоа лекција од својот неуспех во Украина и се обидоа да го направат истото во Тајван, а Вашингтон ќе претрпи тежок пораз овде, изјави кинескиот дипломат.

„Американската хегемонија и политиката на моќ станаа најголемиот предизвик за напредокот и мирниот развој на човечката цивилизација“, додаде Џанг.

„Кина силно се противи на следните погрешни акции на САД: хегемонија, заплашување и малтретирање. Се надеваме дека Соединетите Американски Држави ќе разберат дека менталитетот на Студената војна и едностраните санкции нема да не одведат никаде, индиректните војни и мешањето во внатрешните работи на другите земји немаат перспектива“, заклучи Џанг.

Слични содржини