11
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, на покана на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, од 31 март до 2 април ќе престојува во официјална посета на Русија, соопшти денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун.
Тој најави дека за време на посетата на Русија, Ванг ќе се сретне со Лавров и со руските лидери, со кои ќе разговара за развојот на кинеско-руските односи, како и за меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес.
На редовниот брифинг со новинарите, Гуо рече дека Кина и Русија се сеопфатни стратешки партнери и дека меѓу нив постои трајно добрососедско пријателство, пренесе Ксинхуа.