682
Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу денеска предупреди дека конфликтот меѓу Кина и Соединетите Американски Држави ќе биде „неподнослива катастрофа“ и рече дека неговата земја бара дијалог, а не конфронтација.
Обраќајќи им се на делегатите на самитот за безбедност Шангри-Ла во Сингапур, кинескиот министер за одбрана, облечен во воена униформа на Народноослободителната војска на Кина, рече дека „светот е доволно голем за Кина и САД да напредуваат заедно“, пренесува Ројтерс.
„Кина и САД имаат различни системи и се различни на многу други начини. Сепак, тоа не треба да ги спречи двете страни да остварат заедничка основа и заеднички интереси во развојот и продлабочувањето на билатералната соработка“, рече Ли.