273
До крајот на јуни, 600 илјади вакцини треба да се пристигнати во Македонија, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, последната информација е дека 100 илјади вакцини на Фајзер преку Ковакс-системот ќе стигне на 28 јуни, а на 27 или 28 јуни, половина од кинеските вакцини Синовак. Останатата половина до вкупно 500 илјади, до 30 јуни, истакна министерот.
„Наскоро, откако сите ќе добијат термини, граѓаните ќе можат и без термин да одат и да се вакцинираат на пунктовите“, додава Филипче.