„Кинеските вакцини тргнуваат на 28-ми април, вечерта на 30-ти се во Скопје“, потврди Филипче

од Nikola Popovski
307 прегледи

„Според последната информација, вакцините на компанијата Синофарм тргнуваат на 28-ми април од Пекинг кон Истанбул. На 30-ти од Истанбул во Белград, а во Скопје ќе пристигнат вечерта на 30-ти или утрото на 1-ви мај“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на новинарско прашање.

Тој наведе дека тие ќе дојдат во земјава со камиони ладен ланец, по што ќе бидат префрлени и сместени во наменетата ладна соба во поликлиниката „Јане Сандански“.

„Од вторник после празниците, ќе започне масовната вакцинација со нив“, рече министерот и соопшти дека во земјава досега се вакцинирани 53.000 граѓани.

Слични содржини