Кинеските вакцини во Скопје ќе стигнат до 1 мај

од Берта Китинска
268 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека кинеските вакцини денеска треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, на 30-ти од Истанбул во Белград и оттука најверојатно или на  30-ти вечерта или на 1 мај со специјални камиони ладен ланец ќе пристигнат во Скопје, по што ќе бидат сместиме во ладната соба во поликлиниата „Јане Сандански”.

Филипче информира дека уште истиот или следниот ден, според веќе планираната дистрибуција и начинот на пријавување и бројката, ќе се дистрибуираат во сите пунктови за масовна вакцинација во државата, за да веќе од вторник, по празниците, истиот процес започне.

Досега се вакцинирани околу 53.000 граѓани.

Слични содржини