Осум од десет луѓе во Кина се заразени со Ковид-19, изјави истакнат владин научник.
Како што пренесе Си-Ен-Ен, главниот епидемиолог на кинескиот центар за контрола и превенција на инфекции, Ву Зунју, изјави во саботата – во пресрет на лунарната Нова година – дека „бранот на епидемијата веќе зарази околу 80 отсто од луѓето“ во земјата со 1,4 милијарди луѓе.
Неговата изјава додаде на веќе постоечката загриженост дека грозницата за патување што се случува за време на празничниот период на Лунарната Нова Година – понекогаш наречена „најголемата човечка миграција во светот“ – ќе придонесе за ширење на вирусот надвор од градовите и ќе предизвика втор бран на инфекции.
Сепак, Ву тврди дека ова сценарио е малку веројатно бидејќи многу луѓе веќе биле заразени.
„Во следните два до три месеци, можноста за големо враќање на Ковид-19 или втор бран на инфекции низ целата земја е многу мала“, рече тој.