Кинеско истражување: Луѓето кои пијат чај се покреативни и поинтелигентни

од Radmila Tasevska
176 прегледи

Луѓето кои пијат чај се наводно покреативни и поинтелигентни од оние кои не пијат, според студијата на психолозите од Универзитетот во Пекинг.

Тие ги проучувале менталните и креативните способности на 50 ученици, од кои половина секојдневно консумирале вода, а другата половина чај.

Едната група имала задача да направи зграда од блокови со различна големина, а другата група имала задача да измисли име за ресторан. Учениците кои пиеле чај имале повисоки резултати за креативност во двата теста.

Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието „Food Quality and Preference“ и покажаа дека пиењето чај пред секој ментален напор, односно тест, ги зголемува когнитивните способности. Тајната е во тоа што чајот го опушта мозокот.

„Танинот и кофеинот од чајот имаат корисен ефект врз фокусот, што е неопходно за когнитивните функции“, се вели во студијата.

Слични содржини