Еден килограм од овој чај чини неколку илјади евра

од Milan1
27 прегледи

Уживањето во зелениот чај мача е јапонска традиција и станува сè попопуларен низ целиот свет. Една од причините за ова е што е познат како суперпијалок. Последица од овој тренд е што одгледувачите сè потешко ја задоволуваат побарувачката за овој чај. Се меле во фин прав и има различни вкусови. Врз основа на него, се создадоа производни линии, како што е Мача Лате, пијалок на база на млеко, кој се користи и во слатки и козметика.

„Џапан тајмс“ претходно оваа година објави недостиг од овој чај поради зголемената глобална побарувачка за него. Неговото производство е комплексно.

Јапонските стандарди за храна бараат да се преработи само пулпата од листот, без стеблото, изданоците и вените на листот. Само 40 грама сушен чај потоа се мелат во прав со камени мелници, а понекогаш и рачно. Според тоа, финалниот производ е многу скап – висококвалитетната мача може да чини неколку илјади евра за килограм. Докажано е дека содржи многу антиоксиданси и витамини, како и поголема количина кофеин, кој се ослободува побавно од оној во кафето.

Потрошувачката на мача се зголемува низ целиот свет. Глобалната продажба е зголемена за пет проценти од 2018 година. Неговата вкупна пазарна вредност изнесуваше 2,9 милијарди долари во 2023 година, а се очекува да достигне 4,7 милијарди долари до 2028 година, пишува тагесшау, пренесува Кликс.ба.

Слични содржини