Кинеското раководство ја зајакнува партиската дисциплина и мерките против корупцијата

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

Лидерите на Кинеската комунистичка партија се собираат денеска во Пекинг за клучниот состанок, што можеби ќе постави тонот за остатокот од управувањето на Кси Џинпин, јави ДПА.plenot-od-lovenje-korupcija-vo-kina-112862

Четиридневниот пленум на Централниот комитет, кој почнува денеска, ќе се фокусира на подобрувањето на партиската дисциплина и контрола, како дел од тековната кампања против корупцијата.

Околу 400 членови на ЦК ќе разговараат зад затворени врати во историскиот хотел Џинси каде поранешниот лидер Дан Сјаопин, во 1978 година ги објави своите реформи, со што се отвори кинеската економија во светот.

Се очекува пленум да финализира и одобри два документа, кои предвидуваат промени во регулирањето на политичкиот живот и контрола внатре во партијата.

Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на извори запознаени со агендата на пленумумот, лидерите се на мислење дека има итни проблеми, кои бараат прифаќање на нови норми на однесување.