Кинез, идентификуван само со неговото презиме Гу, е осуден на затворска казна откако се прикрал на имотот на својот сосед и исплашил до смрт 1.100 кокошки.
Гу се прикрал во фармата за кокошки на неговиот сосед Жонг и употребил батериска ламба за да ги исплаши кокошките, кои побегнале во аголот на кокошарникот каде што се прегазиле едни преку други во обид да избегаат, што довело до нивна смрт, објави „Фокс њуз“.
Инцидентот се случи за време на расправијата меѓу двајцата соседи кој започнал во април 2022 година, кога Гу ги исекол дрвјата на Жонг без негова дозвола.
Судот во округот Хенгјанг, лоциран во централната кинеска провинција Хунан, во вторникот пресуди дека Гу намерно предизвикал загуба на имотот на Жонг.
Судот го осуди Гу на шест месеци затвор, односно една година условно.