193
Кинескиот тим Гуангжу Евергранде ја избрка поранешната гол-машина на Атлетико Мадрид и Порто – Џексон Мартинез.
Поранешниот колумбиски репрезентативец пристигна во Кина со репутација на расен стрелец, но на крајот си заминува како слободен агент. Тој беше привлечен во февруари 2016 година од страна на „јорганџиите“ за сума од 42 милиони евра.
Мартинез имаше импресивни статистички податоци, главно во Порто, каде што постигна 94 гола во 143 натпревари за тимот.
За Евергранде, напаѓачот одигра само 16 натпревари во кои постигна само четири гола и помогна за два.