Кина дневно произведува до пет милиони дози вакцини против коронавирус, со што повеќе од тројно е зголемено производство од први февруари, објавија денеска кинеските државни медиуми.
Агенцијата Синхуа известува дека кинеските производители досега испорачале повеќе од 100 милиони дози вакцини на домашниот пазар, а до понеделник се искористени околу 80,46 милиони дози.
Анализата на „Ројтерс“ проценува дека биле употребени 2,8 милиони дози на 21 и 22 март и дека вакцинацијата се забрзува, како што потврди Фенг Зидијан, заменик директор на Кинескиот национален центар за контрола и превенција на болести и објави дека се очекува вакцинацијата значително да се забрза од април.
Планот на кинеските власти е да се вакцинираат 40 отсто од 1,4 милијарди Кинези до средината на годината.