Кингсли Коман и официјално во Баерн до 2027 година

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Кингли Коман стави крај на сите шпекулации за неговата иднина откако и официјално потпиша нов договор со Баерн (Минхен). Рокот на договорот е до летото 2027 година. Претходниот договор на 25-годишниот Французин со Баварците беше до 30 јуни 2023 година.

Во последната година, Коман беше поврзуван со Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Барселона, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Во говорот на почетокот на декември, Французинот навести дека може повторно да потпише.

Според „Екип“, Коман со новиот договор ќе добива 17 милиони евра годишно, што значи дека ќе стане третиот најплатен играч на Баерн.

„Многу сум среќен бидејќи Баерн е еден од најдобрите клубови во светот и знам дека тука имаме уште многу можности и големи цели да постигнеме. Во клубот сум од 2015 година и моето чувство е дека сите сме едно големо семејство. Тука сè е совршено. Моите најдобри години како фудбалер се пред мене и среќен сум што ќе ги поминам овде во Баерн. Мојата најголема цел е повторно да ја освојам Лигата на шампионите и се молам овојпат тоа да се случи заедно со нашите навивачи“, прокоментира Коман за веб-страницата на Баерн.