Кирацовски: Џафери да не го стави Собранието повторно во улога на штитеник на неподобни кадри, да свика седница за Мизрахи

од Берта Китинска
280 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не смее повторно да го стави Собранието во улога на штитеник на неподобни кадри, како што тоа го изведе во случајот со (не)одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, ова денеска преку Фејсбук го порача пратеникот од редовите на СДСМ, Александар Кирацовски.

Штом од Владата на предлог на актуелниот технички премиер се бара разрешување на актуелната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот, не постои причина зошто Собранието да не го стави тој предлог на собраниска седница, сега-веднаш!, напиша Кирацовски на Фејсбук.

-Мислам дека на пратениците им смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историските успеси и државни постигања, повторно да бидат “топовско месо”, додаде Кирацовски.

Слични содржини