Кирби: САД се против целосен прекин на огнот во Појасот Газа

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, денеска изјави дека САД и понатаму се против „општото примирје“ во конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

„Ги поддржуваме хуманитарните паузи за да се обидат да ги извлечат заложниците и да добијат поголема помош, но не поддржуваме прекин на огнот во овој момент“, рече Кирби на прес-конференција, според Ројтерс.

Тој додаде дека не верува дека прекинот на огнот ќе има корист некому освен Хамас.

„Мислам дека е важно да се запамети дека имаше прекин на огнот на 6 октомври“, заклучи Кирби.

Слични содржини