Мирка била кај Веруш у стан. И Љубчо бил кај Веруш у стан. Дали биле сам по сам или заедно, неважно. Сепак, најголем фраер е оној кој ги има снимките од тоа кога ги снимал Веруш додека овие во станот ги слушале снимките кои им ги пуштал. Ова го напиша Кире Наумов на неговиот профил на Фејсбук откако претходно ВМРО-НП и новинарката Мирка Велиновска објавија дека слушале снимки од Верушевски.
ВМРО-Народна партија најави дека во некоја наредна фаза ќе прозбори за документите кои, како што вели, Зоран Верушевски му ги давал на Љубчо Георгиевски.
„Тоа се документи и афери кои се целосно против нивниот тогашен лидер Бранко Црвенковски. Но исто така сме спремни и со задоволство да ги прераскажеме содржините на голем број телефонски разговори помеѓу високи партиски функционери на СДСМ и новинари, кои Верушевски му ги пуштал на нашиот претседател да ги слуша изворно во неговиот стан во населба Аеродром“, беше наведено во соопштението на ВМРО-НП.
И во целата таа прислушничка приказна и мавтање со докази, поранешниот шеф на Агенцијата за разузнавање Наумов, им го растуре ќејфот, потсетувајќи ги кој е главен и кој ги има сите снимки, вклучително и нивните коментари, воодушевувања и ставови додека ги слушале разговорите. Сега на ред е веројатно play и начулените уши !
