Австралискиот тенисер Ник Киријос го освои АТП турнирот од серијата 500 што се играше во Вашингтон.
Тој во финалето беше подобар од Јошихито Нишиока со 2:0 (6:4, 6:3) по два часа и 22 минути игра.
Тоа е негова седма титула во кариерата, а последната во сингл ја освои во 2019 година -исто така во Вашингтон.
Воедно, во американската престолнина славеше и во конкуренција на двојки во двојка со Џек Сок, победувајќи ги во финалето Крајчек и Додиг со 2:0 (7:5, 6:4).
Кирјиос ќе игра и во Монтреал каде ривал во првото коло му е Аргентинецот Баез, а потоа го чека Данил Медведев, доколку ја мине првата пречка.