Дознаваме дека на позицијата нов министер за финансии премиерот Димитриев ќе го предложи актуелниот директор на Управата за јавни приходи Кирил Миновски, по оставката на Ставревски.
Тој има плодно 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси. Дополнително поседува 13-годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании Booz Allen Hamilton во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење/развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно опкружување.
Миновски поседува и искуствo во работа на државните институции. Пред раководењето на Управата за јавни приходи, тој во периодот мај 2014 – ноември 2015 беше прв човек и на Државниот пазарен инспекторат.
Претходно бил ангажиран како менаџер на компоненeнти во рамките на УСАИД, како и повеќе други проекти од оваа организација, поврзани со подобрување на конкурентноста, извозот, банкарскиот сектор.
Миновски доаѓа на ова министерско место по низата политички затегања ВМРО-ДПМНЕ Vs СДСМ на релација задолжувања на државата, но и по бомбите на СДСМ од кои можеше да се чуе како Ставревски говори за прекумерни државни трошења споредувајќи ги со “јадење чоколади наместо леб”.