Кириос нема да игра на Гренд-слем без публика

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Организаторите на Гренд-слем турнирите продолжуваат да шпекулираат за претстојните сценарија за спроведување на турнирите по коронавирусот, додека број 40 на АТП листата, Ник Кириос изјави дека не сака да игра во највисока категорија при затворени врати.

Тениската сезона беше прекината во март поради глобалната пандемија и ќе остане така барем до средината на јули, откако земјите ги затвораат границите и се ставаат во карантин во обид да го спречат ширењето на инфекцијата. Ролан Гарос, првиот турнир под влијание на вирусот, беше одложен за помеѓу 20 септември-4 октомври од својот традиционален термин во мај, додека Вимблдон, закажан за крајот на јуни, беше откажан за прв пат во време на мир. Организаторите на УС Опен минатата недела соопштија дека спроведувањето на турнирот без навивачи е тема на дискусија, но тешко дека тоа ќе се случи во пракса.

Организаторите на Австралија опен открија дека разговараат за сите можни опции, вклучително и можноста само за телевизиско емитување на настанот.

„100% не“, рече Кирјос во типичен стил пред својот сонародник, Танаси Кокинас, во разговор на Инстаграм кога го прашаа дали ќе игра на Гренд-слем без навивачи. Кириос, кој минатата година беше ставен на условна казна од АТП за неговото однесување на теренот, беше херој на Австралија во почетокот на оваа сезона, откако и помогна на својата земја да се бори против уништувачките пожари.

Неговата репутација како „лошо момче“ во тенисот беше трансформирана по неговата добротворна кампања за собирање средства за жртвите од кризата пред и за време на Австралија опен. Турнирот во Мелбурн, кој традиционално се игра во јануари, досега е единствениот турнир од Големата четворка што не е засегнат од вирусот во 2020 година.

Слични содржини