Кирјос: Ѓоковиќ е Бог во тенисот

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Ник Кирјиос не успеа да приреди изненадување во своето прво Гренд слем финале.

Тој во борбата за трофејот на „Вимблдон“ беше поразен од Новак Ѓоковиќ во четири сета (4:6, 6:3, 6:4, 7:6 (7:3).

Австралиецот имаше одличен турнир, водеше во сетови во финалето, а потоа потклекна во понатамошниот тек на мечот.

По натпреварот тој одговараше на прашања на новинарите на централниот терен.

„Ѓоковиќ е Бог во тенисот, нема да тв лажам. Секоја чест Новак, ти го освои овој турнир, не знам ни колку пати. Им благодарам и на линиските судии, очигледно имаме посебен однос. Не можам повеќе да размислувам за тенис, многу сум уморен, како и целиот мој тим. Исцрпен сум, но и пресреќен, го постигнав најдобриот резултат во кариерата. Можеби во наредните сезони ќе го повторам сето ова, иако не сум сигурен“, изјави Кирјос по мечот.

Слични содржини