Кирјос: Мене ме критикуваат? Тие загрозија животи!

од Vladimir Zorba

Ник Кирјос, австралиски тенисер, меѓу редови повторно ги коментираше Новак Ѓоковиќ и другите колеги кои настапуваа на „Адрија Тур“.

Натпреварот, кој го иницираше најдобриот тенисер на светот, беше запрен по два викенда поради коронавирусот.

Кирјос беше многу актуелен во критикувањето на своите колеги, поради што се впушти во конфликт со Борис Бекер, Борна Чориќ…

„Однесувањето на некои тенисери не беше добро, особено не е добро затоа што доаѓа од челниците на нашиот спорт кои треба да бидат пример за другите“, рече Кирјос.

Тој се осврна и на критиките упатени кон него.

„Само го покажува нивното интелектуално ниво. Тие ги загрозија животите на другите луѓе и тоа не може да се спореди со моето однесување“, истакна Кирјос.

Говорејќи за неговата кариера, тој истакна дека со право ја отфрлил идејата за учество на УС Опен, како и дека шансите тој да игра наскоро во Европа се мали.

Слични содржини