Кирјос: Не го сакаме Ѓоковиќ, но публиката е тука поради него (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Ник Кирјос ја навикна спортската јавност на контраверзии, а тој повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите коментирајќи го Новак Ѓоковиќ.

Гостувајќи во австралиското шоу „Денешна емисија“, со водителот Карл Стефановиќ, Кирјос зборуваше за бројни теми, вклучително и присилната пауза заради коронавирусот и пропуштениот УС Опен.

Неизбежна тема беше првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ, кој често е мета на австралискиот тенисер.

Имено, Карл Стефановиќ се обиде да предизвика нова прозивка на Кирјос на сметка на Новак, па тој со насмевка рече дека, дури и да трае пандемијата, можеби на странските тенисери треба да им се дозволи да одат во Мелбурн – освен на Ѓоковиќ.

Кирјос се смееше на коментарот, а потоа одговори:

„Знаете, не го сакаме, но тој е оној кој носи публика на трибините во голем број“.

Слични содржини