240
Британскиот тенисер Енди Мареј славеше против Ник Кирјос со 2:0 (7:6, 6,2) и се пласираше во големото финале на турнирот во Штутгарт, а самиот дуел го одбележа Австралиецот со нови испади.
Имено, Кирјос во текот на три натпревари успеа да добие три судиски опомени и три пенали. Прво на стартот ја фрли топката во публиката, потоа го скрши рекетот, а во вториот сет искрши уште еден рекет. За ова, тој доби одземање на поени, а потоа и гем, кој му беше доделен на Мареј.
Оваа одлука воопшто не му се допадна, па му се развика на судијата и побара надзорник, кој само ги потврди претходните одлуки.
(🎥@OkkoSport ) pic.twitter.com/qsIvSnT3ur
— doublefault28 (@doublefault28) June 11, 2022