Кирјос удри дете во глава и го расплака, па ја воодушеви публиката со својот гест (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
365 прегледи

Австралискиот тенисер Ник Кирјос повторно беше во центарот на вниманието кога со топка удри дете на трибините.

Тоа се случи за време на натпревар во двојки на кој играше со својот сонародник Танасис Кокинакис.

Кирјос уште од самиот почеток беше нервозен и во еден момент ескалираше и за малку ќе завршеше со тешки последици.

Во четвртиот гем Кокинакис го промаши првиот сервис, а Кирјос по којзнае кој пат се налути.

Тој неконтролирано ја удри топката и ја испрати на трибините и го удри несреќното дете во глава.

Момчето заплаче, а Кирјос со неверување ја гледаше целата сцена.

Потоа истрча на трибините и му го даде рекетот на момчето. Публиката која најпрво го исвирка за ударот го поздрави неговиот гест со голем аплауз.

Кирјос и Кокинакис ги победија првите носители Венус и Пука со 7:5, 3:6, 6:3.

Слични содржини