Актерката Кирстен Данст се пожали дека „филмската индустрија не ја признава“ и дека Холивуд ја
игнорира.

Таа рече дека ретко била номинирана за награди, а нејзините играни филмови честопати добивале
критички осврти и станувале познати едвај неколку години подоцна.
„Многу работи што ги правам подоцна почнуваат да се сакаат“, рече таа во интервју за „Сириус XM“
радио.
Данст ги даде за пример „Марија Антоанета“ и „Убиствените дами“
„Можеби не играм доволно добро?“, продолжи Кирстен, позната и по улогата во „Спајдермен“.
Актерката освои „Златен глобус“ на почетокот на својата креативна кариера во 1994 година за
учеството во „Интервју со вампирот“, каде што се здружи со холивудските миленици Том Круз и
Бред Пит.