Киселата зелка го чува срцето и е полна со витамини и минерали

од Elena Daskalova
623 прегледи

Киселата зелка е популарен ферментиран зеленчук кој е многу здрав за луѓето, поради тоа што важи и за природен пробиотик, полн со витамини и минерали.

Во текот на зимата, киселата зелка често е дел од трпезата, било да е како чорба, сарма, но и само како салата, зачинета со маслиново масло.

Ова се нејзините здравствени и нутритивни бенефити:

Го подобрува варењето

Киселата зелка содржи пробиотици, кои помагаат при симптоми на опстипација. Но, во исто време, луѓето кои имаат одредено нарушување на дигестивниот систем најпрво треба да изедат помала количина, за да видат како ќе делува, а потоа да ја вклучар во исхраната.

Штити од инфекции

Концентрацијата на добри бактерии, витамини и минерали, помага да се зајакне имунитетот и да се намали ризикот за инфекции. Киселата зелка е богата со витамин Ц и железо.

Помага при слабеење

Нискокалорична е, а има и диуретски својства поради поголемата количина на растителни влакна. Поради тоа, храната подготвена со кисела зелка побрзо ќе ве засити, па ќе изедете помала количина.

Го одржува нервниот систем здрав

Храната која соржи пробиотици докажано помага за подобра меморија и за намалување на анксиозните епизоди, па дури и за опсесивно-компулсивните реакции.

Намалува ризик за одредени видови рак

Антиоксидансите се познати во својата борба против слободните радикали, а со тоа и намалување на ризикот од заболување од рак. Соединенијата кои се создаваат во процесот на ферментација го блокираат развојот на клетки на карцином.

Го чува срцето

Киселата зелка го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем, а активните нутритивни состојки го намалуваат нивото на холестерол, а со тоа и собирањето масти во крвните садови.

Ги зајакнува коските

Киселата зелка содржи витамин К2 кој игра важна улога во зачувувањето на здравјето на коските. Витаминот К2 активира протеини кои го врзуваат калциумот, кој пак е клучен за одржување на цврстината на коските.

Слични содржини