Киселова: Многу Бугари ги дадоа животите за слободата на Македонија

Претседателката на бугарското Собрание: „Важно е дека не станува збор за бугарски претензии туку за европски консензус, кој ги утврдува обврските што нашите соседи мора да ги исполнат“

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: Бугарско собрание

Претседателката на бугарското Собрание, Наталија Киселова во интервју за бугарските медиуми ги коментирала односите со Македонија, нагласувајќи дека „соседот е земја со чиј народ имаме најблиски односи од сите други земји“. Навела дека „многу Бугари ги дадоа своите животи за слободата на Македонија“.

-Очекуваме Република Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но мора да исполни одредени критериуми. Договорот за добрососедство од 2017 година е основа на односите што ги имаме со нашите соседи. Но, важно е дека не станува збор за „бугарски претензии“, туку за европски консензус, кој ги утврдува обврските што нашите соседи мора да ги исполнат“, нагласила меѓу другото Киселова во интервју за БТВ.

Шефот на македонската Влада, Христијан Мицкоски очекува исчекор на евроинтегративниот пат и приближување на ставовите меѓу Скопје и Софија на почетокот на следнава година, иако, за ова тој оценува дека е потребна поробустна акција од друг центар на моќ.

Слични содржини