Кишида во посета на Киев: „Руската инвазија е срам“

од Stefanija Kuzmanovska

Јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на посетата на Киев рече дека руската инвазија е „срам кој ги поткопува темелите на меѓународниот правен поредок“ и вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина додека не се врати мирот „во прекрасната украинска земја“.

Кишида вчера дојде во ненадејна посета на Киев во времето кога кинескиот претседател Си Џинпинг беше во официјална посета на Москва, обидувајќи се да го промовира предлогот на Пекинг за прекин на конфликтот во Украина.

По средбата со Кишида, украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави за новинарите дека неговиот тим ѝ ја предложил на Кина своја формула за постигнување мир, но не добил одговор, иако, како што додаде, „имаше одредени сигнали, но не и конкретни предлози за можноста за дијалог“, пренесе АП.

Слични содржини