Без разлика дали и понатаму е активен во светската политика и меѓународните односи, мислењето и размислувањата на Хенри Кисинџер се секогаш важни и треба да се слушнат. За неговото искуство говори и фактот дека на 27 мај ќе наполни 100 години, а за тоа каде се работел, доволно е да се спомене само дека бил американски советник за национална безбедност и државен секретар, и дека во последните 46 години работи како консултант и пратеник на монарси, претседатели и премиери.
Денеска со сето свое искуство вели дека е загрижен и дека двете страни се увериле дека претставуваат стратешка опасност една за друга и дека сме на пат кон судир на големите сили.
Кисинџер ова го изјави за Економист. За време на разговорот кој траел повеќе од осум часа, тој говорел за тоа како да се спречи конкуренцијата меѓу САД и Кина, за да не се претвори во војна. Тој рече дека е вознемирен и од се поинтензивната технолошка конкуренција и економска надмоќ меѓу Кина и Америка.
Кисинџер исто така стравува дека вештачката интелигенција (АИ) ќе ја засили кинеско-американската конкуренција, особено сега кога Русија се движи во кинеската орбита и кога војната во Укарина непречено беснее.