Ако нуклеарното оружје се појави , катастрофалниотизлез е речиси неминовен.

САД и Русија би можеле да имаат заеднички пристап во борбата против радикалниот екстремизам во Блискиот Исток, изјави Хенри Кисинџер. “Една од стратешките причини за воено влијание на Русија врз ситуацијата во Сирија е тоа дека Блискиот Исток влијае врз стабилноста во самата Русија”, забележува поранешниот државен секретар на САД. “Русија стравува дека не-државните структури кои имаат радикална основа и развој во Блискиот Исток, порано или подоцна ќе достигнат и до неа. Русија се труди да го спречи развојот и консолидацијата на радикалните исламисти. Во овој аспект целите на Русија се слични со оние на САД. Затоа гледам можност за паралелен со овој на Русија пристап кон решавањето на проблемот со радикалниот ислам на Блискиот Исток “.
92-годишниот Хенри Кисинџер е советник за национална безбедност на САД во периодот 1969-1975 година, државен секретар во периодот 1973-1977, добитник на Нобеловата награда за мир за 1973 година и автор на политичкиот бестселер “Дипломатијата”.