За прв пат по некое време, Кит Харингтон беше забележан во Лондон. Одејќи по улицата во
фармерки и сина маица, актерот изгледаше подобро од било кога. Според „People“, пред една
недела тој го напуштил центарот за рехабилитација,каде се лекувал. Денес, ѕвездата на „Игра на
тронови“ се враќа дома во англискиот главен град.

Се чувствува подобро и се обидува да продолжи напред. Бегството од стресот и надворешните
фактори беше позитивно искуство, сега тој има јасност и надеж“, вели изворот.
Тој, исто така, наведува дека актерот дознал многу за себе за време на неговиот престој во
клиниката и во моментов е фокусиран на тоа да се опорави.
Неговото враќање во Англија, исто така, го направило среќен, а денес е подготвен да си го земе
животот во свои раце. За сега, сепак, тој претпочита да презема мали чекори и да живее од ден на
ден.
Поминаа само неколку недели откако Харингтон се пријави во центарот за рехабилитација за да го
добие потребниот одмор по завршувањето на снимањето на култната серија. Неговиот портпарол
потоа го потврди решението на Џон Сноу.
„Кит одлучи да ја искористи паузата во својот распоред и да помине извесно време во установа, за
да реши некои лични прашања“, рече неговиот официјален претставник.
По финалните снимки од серијата на HBO, се вели дека актерот доживувал голема тага. По шоуто,
тој се чувствувал изгубен, бидејќи тоа беше неговиот живот подолго време.
Уште повеќе, неговата улога во продукцијата била се за него, тврдат запознати. Откако мораше да
излезе од кожата на Сноу, тој бил во внатрешна борба. Потоа се запрашал кое е неговото „јас“ и што
му претстои во однос на кариерата.
Поради оваа причина, Кит побарал третман во еден мал град во Конектикат, каде што можел мирно
да се справи со проблемите.
Важна улога во процесот на закрепнување одиграла неговата сопруга, Роуз Лесли, која постојано го
поддржува. Таа го охрабрила да побара помош во справувањето со неговата состојба.