Пред светската премиера на четвртиот дел од серијалот „Џон Вик“, актерот Кијану Ривс во изјава за France Presse во Париз зборуваше за неговата љубов кон акционите филмови, на кои гледа скоро како на класичен балет.
„Сакам добри акциони филмови“, изјави Ривс и додаде дека улогата на Џон Вик е една од неговите најзначајни улоги во кариерата.
Актерот навел дека оваа улога и улогата на Нео во научно-фантастичниот филм „Матрикс“ ја одбележале неговата кариера. Ривс имаше 35 години кога ја играше улогата на Нео, но беше забележително помлад во филмот „Мојот приватен Ајдахо“ со Ривер Феникс и подоцна во акциониот филм „Брзина“.
„Во мојата младост, улогата во Матрикс беше прекрасно искуство што ми го промени животот. Џон Вик е исто така прекрасно искуство во моите доцни педесетти“, изјави Ривс, додавајќи дека и покрај успехот на суперхероите на Марвел, сепак сака да верува дека може да се снимаат акциони филмови од „старата школа“.
Ривс додаде дека „Џон Вик“, приказната за вдовец кој излезе на светлината за да се одмазди за смртта на своето куче, има помрачно влијание.
„Се користеше дигитална технологија, но верувам дека повеќе сакаме вистински движења на телото кои се речиси како балет. Морам да тренирам со месеци пред снимањето. Потребни се тимови за разни акробации и режисер кој има визија да го креира ликот, дизајнот, музиката и костимите“, изјави познатиот актер.