Ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас за „Жан Митрев“, вели Мицкоски за обвинувањата на неговата партија кон Филипче

Ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас, исто што го чекаат сите граѓани во Македонија за тврдењата на Жан Митрев дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство и актуелен Лидер на СДСМ, Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво на неговата болница.

од Vladimir Zorba
57 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас, исто што го чекаат сите граѓани во Македонија за тврдењата на Жан Митрев дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство и актуелен Лидер на СДСМ, Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво на неговата болница.

Ова го изјави денеска премиерот на земјава, Христијан Мицкоски на новинарско прашање по отворање на проширениот дел на ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром.

„Ние знаевме какви мафијашки упади се случуваа особено во тој период кога се носеше таа, би рекол, вонредна состојба, кога со уредби со сила на закон се надсинхронизираше законот и Уставот во Македонија“, изјави Мицкоски и упати обвинувања до поранешниот претседател, Стево Пендаровски.

„Сè уште тие законски уредби и одлуки на Стево Пендаровски во тој период стојат, не поминати во Собранието, треба да ги видиме, и Собранието да се произнесе во периодот што следи, што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател, Стево Пендаровски и пред законите и пред Уставот, затоа што постојат основани сомневања дека голем дел од тие одлуки се спротивни на законот и спротивни на Уставот“, смета тој.

Слични содржини